Од Елисејската палата соопштија дека двајцата лидери прво ќе одржат работен ручек, по што ќе следи средба лице в лице и заедничка прес-конференција.
Ова е десетта посета на Зеленски на Париз од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Средбата се одржува еден ден по разговорите меѓу делегациите на САД и Украина на Флорида и во пресрет на посетата на американскиот пратеник Стив Виткоф на Москва, каде утре треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Во изминатиот викенд Русија истрела ракети кон Киев, при што загинаа неколку лица, а десетици беа ранети. Украина, пак, ја презеде одговорноста за нападите со дронови врз танкери од таканаречената „фантомска флота“, која Русија ја користи за заобиколување на санкциите за извоз на сурова нафта.
Извор: N1info.rs
