Зеленски во Брисел пред состанокот со Трамп

Посетата е во функција на координација на европската позиција пред утрешната средба во Белата куќа (понеделник, 18 август), на која Зеленски ќе има разговори со американскиот претседател Доналд Трамп,

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Брисел, каде што го пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција подоцна во текот на денот.

Посетата е во функција на координација на европската позиција пред утрешната средба во Белата куќа (понеделник, 18 август), на која Зеленски ќе има разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, а на барање на Киев ќе учествува и Фон дер Лајен, заедно со други европски лидери.

Целта е да се усогласи пакет безбедносни гаранции и политичка поддршка за Украина.Контекстот е чувствителен по самитот Трамп–Путин на Алјаска, Трамп изјави дека Украина „мора да направи договор“, а медиумски извештаи наведуваат дека меѓу сценаријата што кружат е и можноста за „територијални размени“ или отстапки, вклучително и Донбас.

Овие сигнали се интерпретираат како потенцијален притисок врз Киев да прифати компромис на терен, што Украина јавно го одбива.Европските партнери, пак, јавно инсистираат дека за мир е потребно учество и согласност на Украина и дека не може да има договори за територии без Киев; паралелно, во јавноста кружат информации дека Вашингтон би бил отворен за одредена форма на безбедносни гаранции за Украина — тема што Брисел сака да ја закотви во заедничка западна рамка.

Прес-конференцијата во Брисел денес треба да даде јасна слика за тоа со што Зеленски и Фон дер Лајен ќе заминат утре во Вашингтон — и колку обединета ќе биде европската поддршка во случај да се појави притисок за „територијални отстапки“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни