Зеленски: Вашингтон и натаму посветен на постигнување мировен договор

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД и понатаму се посветени на постигнување мировен договор, откако бил информиран за разговорите што украинските преговарачи ги воделе со американската страна.

Како што пренесе парискиот весник Le Monde на својата веб-страница, Зеленски синоќа во своето редовно обраќање изјави дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и од началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американски претставници.

Зеленски рече дека се подготвуваат нацрт-договори и дека одредени точки биле разгледувани за време на разговорите.

„Остануваме во постојан контакт со Соединетите Американски Држави и сметаме на продолжување на соработката“, изјави претседателот на Украина.

Тој додаде дека Вашингтон сака конечен мировен договор, наведувајќи дека Украина целосно соработува и дека „никогаш нема да биде пречка за мирот“.

Сепак, нагласи тој, Русија мора да престане да ја „саботира дипломатијата“ и сериозно да го сфати завршувањето на војната.

Украинскиот претседател, исто така, повика на континуиран притисок врз Москва за запирање на агресијата, тврдејќи дека меѓународната заедница располага со „сите неопходни инструменти“ за да го постигне тоа.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни