Украина би сакала да изгради заеднички противвоздушен одбранбен штит со своите европски партнери за заштита од руските закани, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно, лидерите на НАТО посочија дека Русија со своите нарушувања на воздушниот простор на Полска и балтичките земји ја тестира подготвеноста и решителноста на Алијансата. Од Киев додаваат дека искуството на Украина во одбивање на вакви воздушни закани може да биде од голема корист, пренесува Reuters.
„Украина ѝ предлага на Полска и на сите наши партнери да изградиме сигурен штит од руските воздушни закани“, изјави Зеленски преку видео-врска на Безбедносниот форум во Варшава.