Зеленски: Спремен сум да поднесам оставка во замена за членство во НАТО

Украинскиот претседател додаде: „Реков дека ќе поднесам оставка во замена за членство во НАТО, што значи дека ја исполнив својата мисија. НАТО значи дека ја исполнив својата мисија“.

Володимир Зеленски изјави дека ќе биде спремен да поднесе оставка ако Украина стане членка на НАТО. Тој, исто така, најави дека е подготвен да потпише договор за минерали со САД, кој беше ставен на чекање по неговиот напнат состанок со Доналд Трамп во Овалната канцеларија во петокот, пренесува Index.hr.

Зеленски вчера разговараше со новинарите по разговорите со други светски лидери на самитот во Лондон, кој го организираше британскиот премиер Кеир Стармер. Стармер предложи дека коалицијата на европски сојузници може да ја засили одбраната на Украина и да гарантира мир.

На прашањето на Sky News за неговите претходни коментари дека би можел да поднесе оставка ако Украина стане членка на НАТО, тој одговори: „Можам да одам во замена за НАТО“.

Украинскиот претседател додаде: „Реков дека ќе поднесам оставка во замена за членство во НАТО, што значи дека ја исполнив својата мисија. НАТО значи дека ја исполнив својата мисија“.

Меѓутоа, додаде: „Нема да биде лесно да ме заменат, бидејќи не е доволно само да се одржат избори. Треба да ми се забрани учество. А тоа ќе биде малку потешко“.

Додека војната помеѓу Русија и Украина трае веќе три години, Володимир Зеленски исто така ги отфрли повиците од американските официјални лица да поднесе оставка.

Неговите коментари на аеродромот Стенстед следеа по судирот со републиканците, вклучувајќи го сенаторот Линдзи Грем и претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, кои предложија дека треба да се повлече по бурната размена на мислења во Белата куќа со актуелниот претседател на САД Доналд Трамп.

Володимир Зеленски потврди дека по судирот во петокот постоела комуникација помеѓу Украина и администрацијата на Доналд Трамп, но не на негово ниво. Републиканскиот сенатор и близок сојузник на Трамп, Линдзи Грем, го нарече состанокот „комплетна катастрофа“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни