Зеленски, се огласи по конфликтот со Трамп- “Благодардни сме на САД и спремни сме да го потпишеме договорот за минералите”

Луѓето и човековите права се на прво место. Навистина сме благодарни. Сакавме само силни односи со Америка и се надевавме дека ќе ги имаме

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи по конфликтот со претседателот на САД Доналд Трамп. Зеленски истакна дека поддршката на Америка е клучна за Украина, но дека мора да бидат искрени и директни едни кон други за да ги разберат вистинските заеднички цели на двете земји.

Тој нагласи дека и покрај тешкиот дијалог, Украина и САД остануваат стратешки партнери.

„Нам ни е потребна поддршка од претседателот Трамп. Тој сака да ја заврши војната, но никој не сака мир повеќе од нас“, нагласи Зеленски, повикувајќи на потребата од безбедносни гаранции и праведен и траен мир.

„Многу сме благодарни на Соединетите Американски Држави за целата поддршка. Благодарен сум на претседателот Трамп, на Конгресот за нивната двопартиска поддршка, и на американскиот народ. Украинците секогаш ја ценеле оваа поддршка, особено за време на овие три години на целосна инвазија. Помошта на Америка беше клучна за нашето преживување и сакам тоа да го признаам. И покрај тешкиот дијалог, остануваме стратешки партнери. Но, мора да бидеме искрени и директни едни кон други за да ги разбереме вистинските цели.Клучно е за нас да имаме поддршка од претседателот Трамп. Тој сака да го заврши војната, но никој не сака мир повеќе од нас. Ние сме тие што ја живееме оваа војна во Украина. Тоа е борба за нашата слобода, за нашето преживување. Како што рекол претседателот Реган: „Мирот не е само отсутност на војна“. Ние зборуваме за праведен и траен мир — слобода, правда и човекови права за сите. Прекин на огнот со Путин нема да функционира. Тој го прекрши прекинот на огнот 25 пати во последните десет години. Правиот мир е единственото решение. Спремни сме да потпишеме договор за минерали, и тоа ќе биде прв чекор кон безбедносни гаранции. Но тоа не е доволно, и потребно ни е повеќе од тоа. Прекинот на огнот без безбедносни гаранции е опасен за Украина. Ние се бориме веќе три години, и украинскиот народ мора да знае дека Америка е со нас“, стои во долгата изјава на Зеленски.

Тој истакна дека не може да го променам ставот на Украина кон Русија.

„Русите нѐ убиваат. Русија е непријател и тоа е реалноста со која се соочуваме. Украина сака мир, но тоа мора да биде праведен и траен мир. За тоа, мора да бидеме силни за преговарачката маса. Мирот може да дојде само кога ќе знаеме дека имаме безбедносни гаранции, кога нашата војска е силна, и кога нашите партнери се со нас. Ние сакаме мир. Затоа дојдов во Соединетите Држави и го посетив претседателот Трамп. Договорот за минералите е само прв чекор кон безбедносни гаранции и приоѓање до мир. Нашата ситуација е тешка, но не можеме само да престанеме да се бориме без гаранции дека Путин нема да се врати утре.Ќе биде тешко без поддршка на САД. Но не можеме да ја изгубиме нашата волја, нашата слобода, или нашите луѓе. Гледавме како Русите влегуваат во нашите домови и убиваат многу луѓе. Никој не сака уште еден бран на окупација. Ако не можеме да бидеме примени во НАТО, потребни ни се јасни безбедносни гаранции од нашите сојузници во САД“ напиша Зеленски.

Тој уште еднаш побара гаранции за безбесноста на земјата од САД и Европа.

„Европа е подготвена за вонредни ситуации и да помогне во финансирањето на нашата голема војска. Така што ни е потребна улога на САД во дефинирањето на безбедносните гаранции – какви, во кој обем, и кога. Кога тие гаранции ќе бидат на место, можеме да разговараме со Русија, Европа и САД за дипломатијата. Самата војна е премногу долга, и немаме доволно оружје да ги потиснеме целосно.Кога некој зборува за жртвите, секој поединечен живот е важен. Русија нападна наши домови, уби наши луѓе и се обиде да не избрише. Ова не се работи само за територии или броеви — туку за вистински животи. Тоа е она што сите треба да го разберат. Сакам САД да стојат посилно на нашата страна. Ова не е само војна помеѓу нашите две земји. Русија ја донесе оваа војна на нашата територија и во нашите домови. Тие се во грешка затоа што не го почитуваат нашиот територијален интегритет.Сите Украинци сакаат да чујат цврст став од САД на нашата страна. Разбирливо е дека САД можеби бараат дијалог со Путин. Но САД секогаш зборуваше за „мир преку сила“. Заедно можеме да преземеме силни чекори против Путин. Нашиот однос со американскиот претседател е повеќе од само два лидери; тоа е историска и цврста врска помеѓу нашите народи. Затоа секогаш започнувам со зборови на благодарност од нашиот народ кон американскиот народ. Американскиот народ помогна да се спаси нашиот народ. Луѓето и човековите права се на прво место. Навистина сме благодарни. Сакавме само силни односи со Америка и се надевавме дека ќе ги имаме,“ заклучува Зеленски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни