Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили во текот на ноќта користеле повеќе од 300 беспилотни летала и речиси 40 ракети, целејќи кон инфраструктурни објекти низ целата земја.
„Русија секојдневно ја напаѓа нашата енергетска инфраструктура,“ порача Зеленски, пренесува агенцијата Ројтерс.
Украинските власти наведуваат дека само оваа година Русија извршила шест големи напади врз украинските гасни постројки, што дополнително ја влошува енергетската состојба во земјата.
Според проценките, Украина пред претстојната зимска грејна сезона ќе мора да увезе околу 6,3 милијарди кубни метри гас, а можно е да се воведат и рестрикции во снабдувањето со енергија за граѓаните.
Извор: N1info.rs