Зеленски: Русија ги одбива сите мировни напори – санкциите мора да се заострат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за што информираше преку социјалната мрежа X.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска разговараше со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за што информираше преку социјалната мрежа X. Тој наведе дека ѝ се заблагодарил за „јасната позиција и пораките на поддршка за Украина“ што таа ги изнесе во својот говор пред Европскиот парламент во Брисел.

„Целосно се согласуваме: додека Русија продолжува да ги одбива сите мировни напори, санкциите против неа мора да се заострат, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжи“, порача Зеленски.

Украинскиот лидер истакна дека една од клучните теми во разговорот била замрзнатата руска имовина, голем дел од која се наоѓа во земјите на Европската унија. Во моментов во ЕУ се води расправа дали овие средства можат да се употребат за финансирање на украинската одбрана.

„Разговаравме за актуелната дипломатска состојба и за напорите на Европската унија да донесе одлука за користење на замрзнатата руска имовина за одбраната на Украина“, додаде Зеленски.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни