Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на Икс соопшти дека министерот за одбрана Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација на утрешните разговори со Русија во Истанбул.

Зеленски со тоа го потврди учеството на Украина на вториот круг директни преговори помеѓу Украина и Русија.
Тој посочи дека украинските ставови се: Прво целосен и безусловно прекин на огнот. Второ – ослободување на затворениците. Трето – враќање на киднапираните деца. И со цел да се воспостави сигурен и траен мир и да се осигури безбедност, подготовка за состанокот на највисоко ниво.
Според него „клучните прашања можат да ги решат само лидерите“.