Зеленски изјави дека средбата со Трамп може да се одржи веќе во петок, а за време на посетата ќе има и состаноци со компании од одбранбениот и енергетскиот сектор, како и со членови на американскиот Конгрес.
„Главни теми ќе бидат противвоздушната одбрана и нашите капацитети за долгорочен дострел, со цел да се задржи притисокот врз Русија,“ рече Зеленски.
Украинскиот претседател ќе му се придружи на украинската владина делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко, која веќе се наоѓа во САД на прелиминарни разговори.
Зеленски додаде дека ќе бара и дополнителна американска поддршка за заштита на украинската електроенергетска и гасна инфраструктура, која во последните месеци често е цел на руски напади.
Тој го опиша вчерашниот телефонски разговор со Трамп како „многу продуктивен“.
Во исто време, Трамп предупреди дека САД би можеле да ѝ испратат на Украина ракети со долг дострел од типот Tomahawk, на што рускиот претседател Владимир Путин реагираше, велејќи дека таков потег би можел „сериозно да ги наруши односите меѓу Москва и Вашингтон.“
Извор: N1info.rs