Стив Виткоф изјави дека Владимир Путин се согласил да им дозволи на сојузниците на Украина, вклучувајќи ги и САД, да ѝ понудат безбедносни гаранции слични на членот 5 од Повелбата на НАТО.
Зеленски, ден претходно, откако Трамп го информирал за руските барања, изјавил дека не доаѓа предвид повлекување на украинските сили од останатите делови на регионот Доњецк.
На својот официјален профил на Twitter/X, Зеленски напиша:
„Ова е историска одлука. САД се подготвени да учествуваат во давање безбедносни гаранции за Украина. Како резултат на заедничката работа, тие гаранции мора да бидат многу практични – со заштита на копно, во воздух и на море – и мора да бидат создадени со учество на остатокот од Европа.”
Тој додаде:
„Им благодарам на сите учесници во Коалицијата на подготвените за денешниот разговор во Брисел – во пресрет на состанокот во Вашингтон со претседателот Трамп. Разговорот беше многу корисен. Продолжуваме да ги усогласуваме нашите заеднички позиции. Поддршката за независноста и суверенитетот на Украина е јасна. Сите се согласуваат дека границите не смеат да се менуваат со сила. Исто така, постои поддршка сите клучни прашања да се решаваат со учество на Украина во трипартитен формат – Украина, САД и рускиот лидер.“