Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не во наредните недели туку во наредните денови во Киев треба да се одржат нови средби за мировни преговори, а не за неколку. Изјавата на Зеленски доаѓа по вчерашната средба за мировниот план со американскиот претседател Доналд Трамп за мировниот план.
„Вчера имав средба со претседателот. Ми рече дека нашите тимови ќе работат сега и дека ќе ме повика после тоа. Му реков – и се согласивме – дека сите наши советници ќе дојдат во Киев. Ќе ги собереме сите во наредните денови, а не недели. Мора да работиме брзо“, изјави Зеленски пред новинарите.
Подготвен за средба со Путин
Тој додаде дека по тоа ќе следи средба со европските лидери. „Важно е сите да бидат целосно информирани – секој што е партнер, секој што помага“, рече Зеленски. Зеленски, исто така, рече дека е можна нова средба со Трамп на ниво на лидери во Соединетите Американски Држави и не исклучи средба со рускиот претседател Владимир Путин.
„После тоа, ќе направиме сè што е можно за да одржиме конструктивен состанок во Соединетите Американски Држави, на ниво на лидери, со американскиот претседател“, рече Зеленски, додавајќи дека за Украина нема алтернатива на мирот.
„Во Украина отсекогаш постоел План А – мир. Никогаш не ја сакавме оваа војна. Русија, од друга страна, имаше План А – војна. Затоа, според мене, Русија веќе треба да размисли за План Б, поточно за прекин на војната“, рече Зеленски. Запрашан за можна средба со Путин, тој нагласи дека Украина е подготвена да преговара во кој било формат. „Важно е зборовите и постапките на рускиот лидер да се совпаѓаат“, рече Зеленски.
