Според Зеленски, разговорите ќе бидат фокусирани на дополнително вооружување за Киев, првенствено на ракетите со долг дострел „Томахавк“, како и на воздушната одбрана.
Зеленски изјави во Киев дека со Трамп веќе споделил „визија“ за потребниот број американски „Томахавк“ за Украина и дека деталите ќе ги разгледаат на средбата во петок.
Извор запознаен со подготовките наведува дека на агендата се и опции за дополнителна американска воена поддршка и можностите за враќање на Русија на преговарачката маса. Во Киев нагласуваат дека „Томахавк“ би се користеле исклучиво против воени цели, иако Москва оцени дека таков потег би претставувал сериозна ескалација.
Во пресрет на состанокот, во Вашингтон се очекува и висока украинска делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко, со задача да ги постави темелите за разговорите на лидерите.
Извор: Независен