Зеленски му соопштил на патријархот Вартоломеј дека руската војска продолжила со нападите и за Божиќ

Зеленски му соопштил на патријархот Вартоломеј дека руската војска продолжила со напади врз Украина и за Бадник и Божиќ, оставајќи градови без струја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговарал со вселенскиот патријарх Вартоломеј, при што го информирал дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за Бадник и Божиќ, кој денес се слави според грегоријанскиот календар, пренесуваат украинските медиуми.

„За жал, руската војска дури ни за Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот народ. Во многу наши градови и села нема електрична енергија“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека руските сили и денес повторно ги гранатирале градовите во источна Украина, јави агенцијата Укринформ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни