Зелeнски: Киев и САД преговараат за договор за слободна трговија

Украина и САД разгледуваат договор за слободна трговија со нулти царини, како дел од план за економска обнова по војната, најави Зеленски.

Војана во Украина трае веќе 1.417 дена. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев води преговори со САД за можен договор за слободна трговија. Според Зеленски, договорот би можел да предвиди нулти царини за трговија со САД за дел од индустриските региони на Украина и да стане дел од поширок „план за просперитет“ за обновата на земјата по војната.

„Таков договор ќе ѝ даде на Украина многу силни предности во споредба со соседните држави и би можел да привлече инвестиции и деловен сектор“, истакна Зеленски за Bloomberg. Тој додаде дека сака да разговара за деталите со американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека договорот би претставувал и дополнителна гаранција за економската безбедност на Украина.

Покрај тоа, продолжуваат тензиите на фронтот: Рускиот напад со ракета „Орешник“ бил „демонстративно“ близу границата со Европската Унија и претставува безбедносен предизвик за земјите членки на ЕУ како Полска, Романија и Унгарија. СБУ го третира нападот врз Лавовската област како воен злостор.

Во меѓувреме, во Волгоградска област во Русија избувнал пожар во нафтено складиште предизвикан од пад на украински дрон, без пријавени повредени.

IAEA започнала консултации со Русија и Украина за можен привремен прекин на огнот кај нуклеарната централа Запорожје, заради поправка на далекуводот Феросплавнаја-1 од 330 kV, оштетен на 2 јануари.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни