Зеленски e подготвен за средба со Путин во Истанбул

„Јас ќе го чекам Путин во Турција во четврток“, порача украинскиот лидер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин на разговори во Истанбул во четврток, откако американскиот претседател Доналд Трамп му кажал веднаш да ја прифати понудата за разговори со Русија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Зеленски во објава на X исто така наведе дека Украина очекува целосно примирје да започне во понеделник, со цел да се обезбеди потребната основа за дипломатија и завршување на војната.

„Јас ќе го чекам Путин во Турција во четврток“, порача украинскиот лидер.

Нешто порано, претседателот на САД изјави дека „почнува да се сомнева“ дека Украина ќе постигне договор за прекин на огнот со Русија.

Сепак, Трамп ги повика украинските лидери да се сретнат со руските претставници во четврток во Турција за да преговараат.

„Почнувам да се сомневам дека Украина ќе постигне договор со Путин“, напиша Трамп на Truth Social.

„Претседателот на Русија, Путин, не сака договор за прекин на огнот со Украина, туку сака да се сретне во четврток во Турција за да преговараат за можен крај на КРВОПРОЛЕВАЊЕТО.“

Тој додаде дека таа средба би значела дека двете страни, како и европските лидери и САД, тогаш „ќе можат да утврдат дали договор е можен или не.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни