„Украина нема право, ниту според Уставот, ниту според меѓународното право, ниту според моралниот закон да се откаже од своите територии,“ рече Зеленски. Тој најави дека Киев ќе го ревидира сегашниот нацрт-предлог и ќе го врачи својот одговор на САД „веројатно во вторник навечер“. Говорејќи за обновата на Украина, Зеленски истакна дека финансиската поддршка е од клучно значење и дека европската позиција во тој процес има „пресудна улога“.
„Учеството на Европа во овие преговори е клучно,“ додаде тој, нагласувајќи дека Европската комисија е таа што ќе ја донесе конечната одлука за кредитите за репарации.
Зеленски ја истакна и разликата во пристапот меѓу Украина и администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
„Трамп има своја визија за тоа како да се стави крај на војната, која се разликува од украинската. САД сакаат војната да заврши, но за Украина е важно под кои услови ќе се случи тоа,“ рече тој, додавајќи дека безбедносните гаранции мора да бидат потврдени од американскиот Конгрес.
Овие изјави доаѓаат во период на интензивна дипломатска активност, додека мировните иницијативи на САД и Европа се обидуваат да најдат заеднички пат кон прекин на војната, но без загрозување на украинскиот суверенитет.
Извор: N1info.rs
