Отворен повик за македонски дизајнери: Резиденција за зелена и одржлива мода во Скопје

Млади и афирмирани дизајнери од областа на модата, текстилот и аксесоарите можат да аплицираат за меѓународната резиденцијална програма „Green and Sustainable Fashion – The Nordic-Baltic Story“, што ќе се одржи во март 2026 година во Северна Македонија.

Објавен е повик за македонски дизајнери од областа на модата, текстилот и аксесоарите да учествуваат во меѓународната резиденцијална програма „Зелена и одржлива мода – Нордиско-балтичката приказна“, што ќе се одржи во Северна Македонија од 21 до 30 март 2026 година.

Резиденцијата е дел од проектот „Green and Sustainable Fashion – The Nordic-Baltic Story“, финансиран од Nordic Council of Ministers, а се реализира од Амбасадата на Шведска во Скопје, во партнерство со амбасадите на Данска, Финска, Норвешка и Литванија, како и со Fashion Weekend Skopje и Македонското модно здружение.

Програмата има за цел да поттикне креативна размена и одржливо размислување во модниот дизајн, обединувајќи македонски креативци со дизајнери од Нордиско-балтичкиот регион. Учесниците ќе развиваат заеднички концепти инспирирани од традиционални техники, културно наследство и современи зелени практики, со акцент на циркуларност, етичко производство и иновации во материјалите.

Повикот е отворен за млади и афирмирани дизајнери кои имаат интерес за одржливост, циркуларен дизајн и нови еколошки пристапи во модата.

Апликациите се примаат преку официјалниот повик на организаторите. Повеќе информации и апликација

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни