„Зебрест“ камен откриен на Марс

Роверот на НАСА, „Perseverance“ на Марс открил необичен „зебрест“ камен, што се разликува од сите други камиња и околината.
Фото: NASA/JPL-Caltech/ASU

Црно-белиот камен со шари е поинаков од останатите камења кои роверите ги откриле на Марс досега и се истакнува од околината. Според НАСА тоа може да биде знак за возбудливи откритија.

Тимот на НАСА го забележал каменот додека роверот поминувал низ нерамен терен. Каменот го забележале уште од далеку, бидејќи имал необчна текстура.

Роверот го фотографирал каменот, кој научниците го нарекуваат „Законот Фреја“ и ги испратил сликите на анализа.

„Бидејќи овој камен е слободен, не е поврзан со површината и очигледно е различен, веројатно стигнал од некое друго место“ велат од НАСА.

Каменот има пречник од околу 20 сантиметри, а според првичните претпоставки неговата текстура сугерира дека магматски и/или метаморфните процеси можеби ги создале неговите ленти, се вели во соопштението на НАСА.

Магматските процеси се геолошки активности поврзани со топење, движење и ладење на магмата и лавата.

Милијарди години Марс била планета со висока вулканска активност, што можело да создаде услови неопходни за формирање на вакви камења.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни