Зебра повреди маж и дете во зоолошката градина во Белград, објави Танјуг повикувајќи се на Одделот за итни случаи.
Според првичните информации, зебрата го напуштила оградениот простор и повредила дете и маж.
Состојбата на повредените засега е непозната.
Н1 Србија јавува дека Зоолошката градина потврдила дека се случил инцидент, но оттаму додале дека нема да даваат дополнителни соопштенија додека не се потврдат сите детали.
На терен биле испратени и екипи на Итната медицинска помош.