Зејнеп Севде: За да станеш добар писател треба да читаш многу книги

Оваа година на Фестивалот „Литера“ гостуваше Зејнеп Севде, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“.


Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца.

Со неа поразговаравме на различни теми, а од особено значење таа го истакнува делот со учењето, дека треба постојано да инвестираш во себе и да се развиваш ако сакаш да си успешен. Пораката која ја пренесува во своите дела е универзална, светот е огромно место кое чека да биде истражено.

„ Моите лични искуства многу влијаат на моето пишување! Особено од моите патувања. Сакам да патувам и главно патувам сама и тоа во речиси 50 земји низ светот. Обично ги потпишувам моите книги со истата желба се надевам дека ќе патуваш низ целиот свет. Слобода, љубов кон откривањето, храброст, да се биде добар пријател на планетата, да се биде фин, но да не се покоруваш на сè“, ни раскажа Зејнеп за време на нејзиното гостување.

Понатаму таа истакна дека не сака да дели совети, бидејќи така се чувствува старо: „Не сакам да давам совети, тоа ме прави да се чувствувам старо. Само едно можам да кажам: Да ги следат сите соништа што ги имаат во срцето, без разлика на сè“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни