Здружението „СОС Вита“ бара во секоја општина да има лице со попреченост кое ќе работи како советник

Здружението на лица co посебни потреби „СОС ВИТА“ од Скопје бара во секоја општина да се вработи лице со попреченост кое ќе биде советник.

Претседателот на Здружението, Ертан Шаќири ги повика градоначалниците на сите општини во земјата за поправедна и поинклузивна застапеност на лицата со попреченост во општинските органи.

– Секоја партија треба да знае дека лицето со посебни потреби е човек, граѓанин на оваа држава. Во 21 век дојде време во секоја општина да има лице со попреченост како советник. Со тоа ќе биде полесен животот на едно лице со попреченост. Тој советник ќе дава совети, пораки за тоа како живее во државава едно лице со попреченост. До кандидатите за градоначалници упативме пораки да има подобар живот за лицата со посебни потреби. Во проектите наведуваат милиони евра, а ние сто пати излегуваме по медиумите, но нашите права никој не ги слуша, изјави Шаќири.

Тој додаде дека во државава има 2.000 лица со попреченост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни