Здружението на новинари на Србија: Медиумите во државата да го почитуваат достоинството на жртвите во Кочани

Здружението на новинари на Србија (УНС) денеска апелираше до медиумите во државата да престанат со сензационализирање на известувањето за трагедијата што се случи во Кочани и повика да го почитуваат законот и Кодексот на српските новинари, јави МИА од Белград.

„УНС потсетува дека Кодексот предвидува дека новинарите се обврзани да ја почитуваат приватноста, достоинството и интегритетот на луѓето за кои пишуваат и дека е спротивно на Кодексот да известуваат за несреќи и злосторства на сензационалистички начин“.

УНС оцени дека нема оправдување за објавување несоодветна содржина што не го почитува достоинството на жртвите, има вознемирувачки ефект врз семејствата и јавноста и може да има штетно влијание.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни