Здружение „Амброзија“ ќе ги афирмира старите сорти овошки

Здружението „Амброзија” од Пехчево почнува со реализација на проектот за зачувување на стари сорти овошки во прекуграничниот регион Малешево и Беласица кои спаѓаат во подрачја со богата биоразновидност на животинскиот и растителниот свет.

Јасминка Пашалиска Андоновска од Здружението „Амброзија“ информираше дека проектот ќе се реализира во соработка со здруженијата „Биоматера“ од Бугарија и Македонско еколошко друштво, со точно прецизирани активности кои ќе се спроведуваат во наредните 18 месеци.

„Прекуграничниот регион на Малешево и Беласица има огромни потенцијали од аспект на био-разновидност на растителен и животински свет. Овие подрачја се дел од европскиот зелен појас и дел од заштитените подрачја. Тоа е причина што во партнерство со Био-матера од Бугарија и Македонско еколошко друштво отпочнавме проект на зачувување на старите видови овошки во Малешево и Беласица. Од таа причина ќе направиме истражување кои се тие стари видови на овошки, понатаму ќе направиме нивна инвентаризација и начин на нивна конзервација, односно начин за нивна конзервација за да сепродолжи традицијата за негување“, истакна Пашалиска Андоновска.

Паралелно со истражувачкиот дел во рамки на проектот предвидени се и активности за подигање на јавната свест помеѓу населението за значењето на овие овошки за биоразновидност.

„Посебен акцент ќе биде ставен на едукација на младите за економските придобивки од користењето на овие  овошки што и тоа како е значајно за овие региони“, додаде претседателката на пехчевското здружение.

Проектот со финансиска подршка од ЕУ ќе се реализира преку Westbeld програмата. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни