Здравствени придобивки од чајот од анасон што ќе ве натераат да го пиете почесто

Чајот со анасон е еден од попознатите чаеви за конзумирање кога се во прашање болките, надуеноста и слични проблеми кои ги мачат многу луѓе. Но, ослободувањето од надуеноста и менструалните грчеви и болки не се единствените придобивки што ги поврзуваме со пиењето на овој чај.

Богат е со антиоксиданси
Чајот од анасон е богат со антиоксиданси, како што се флавоноиди и фенолни соединенија кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и го намалуваат ризикот од развој на хронични болести и срцеви заболувања, пренесува Health Shots.

Позитивно влијае на варењето
Конзумирањето чај од анасон ја ублажува надуеноста, гасовите и варењето. Содржи соединенија како што е анетолот кои ги релаксираат мускулите на гастроинтестиналниот тракт, промовирајќи нормално варење.

Ги ублажува менструалните симптоми
Жените кои имаат тешки менструални грчеви или болки треба да пијат чај од анасон за да ја ублажат непријатноста, пренесува Health Shots. Неговите антиинфламаторни својства можат да помогнат во ублажување на болката и менструалните грчеви.

Влијае на зајакнување на имунитетот
Редовното консумирање чај од анасон може да го зајакне имунолошкиот систем поради високата содржина на витамин Ц. Познато е дека витаминот Ц ја зајакнува одбраната на телото од инфекции и помага во одржување на целокупното здравје.

Извор: Health Shots

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни