Веќе подолго време слушаме дека лесната прошетка по оброкот е една од најдобрите работи што можете да ја направите за вашето здравје, но понекогаш се чини невозможно затоа што често немаме време да одиме на прошетка во текот на нашата пауза за ручек.
Културата на пешачење по јадење е особено популарна меѓу Италијанците, кои со векови се запознаени со неговите придобивки за општото здравје и варењето. По оброкот, најдобро е да одите на кратка прошетка, а пешачењето ќе ви биде особено корисно доколку се практикува по вечерата.
Мускулите коишто ги користиме за одење користат гликоза за енергија и на тој начин ја „извлекуваат“ од циркулацијата и ја намалуваат количината на гликоза што останува во крвта.
Една неодамнешна студија покажа дека пешачењето по оброк е исто така корисно за превенција од дијабетес тип 2. Во истражувањето учествувале повозрасни луѓе коишто оделе на лента за трчање 15 минути по јадењето, што резултирало со помали флуктуации на шеќерот во крвта во следните часови.
Истражувањето покажало дека овие кратки прошетки по вечерата се уште покорисни за намалување на нивото на шеќер во крвта отколку 45-минутната прошетка наутро или подоцна попладне. Ова сознание секако е корисно за многумина кои немаат време да пешачат по јадењето во текот на денот, бидејќи полесно се наоѓа време навечер.
Понатамошните истражувања покажале дека одењето го забрзува времето потребно храната од желудникот да стигне до тенкото црево, што може да го продолжи чувството на ситост по јадењето. Исто така, постојат докази кои ја поврзуваат оваа форма на побрзо варење со намалување на киселините во желудникот и другите симптоми на рефлукс.
Многу луѓе го јадат најголемиот оброк во денот навечер и најчесто потоа си легнуваат. Како последица на тоа се зголемува гликозата во крвта, што може да трае со часови, напоменува водачот на студијата на Лорета ДиПиетро, професорка по наука за вежбање на Институтот за јавно здравје Милкен на Универзитетот Џорџ Вашингтон.