Папата Франциск, кој веќе две недели е хоспитализиран поради двострана пневмонија, останува во стабилна здравствена состојба, соопшти Ватикан во најновиот извештај.
Ватикан информира дека папата се наоѓа под наизменична терапија – користи неинвазивна механичка вентилација (маска со кислород) и подолги периоди добива терапија со кислород со висок проток.
Вчера, папата Франциск имал бронхијален спазам, што наложило користење на неинвазивна механичка вентилација. Утринава е потврдено дека минал мирна ноќ и дека се одмара.
Лекарите очекуваат дека во наредните 24 до 48 часа ќе можат да проценат како оваа епизода ќе влијае врз неговата општа здравствена состојба.