Здравствената состојба на папата Франциск стабилна

„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, стои во соопштението, додавајќи дека прогнозата е и понатаму внимателна.

Папата Франциск, кој веќе две недели е хоспитализиран поради двострана пневмонија, останува во стабилна здравствена состојба, соопшти Ватикан во најновиот извештај.

Ватикан информира дека папата се наоѓа под наизменична терапија – користи неинвазивна механичка вентилација (маска со кислород) и подолги периоди добива терапија со кислород со висок проток.

Вчера, папата Франциск имал бронхијален спазам, што наложило користење на неинвазивна механичка вентилација. Утринава е потврдено дека минал мирна ноќ и дека се одмара.

Лекарите очекуваат дека во наредните 24 до 48 часа ќе можат да проценат како оваа епизода ќе влијае врз неговата општа здравствена состојба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни