Здравко Чолиќ во Скопје

Чолиќ ќе одржи концерт на 18 март 2025 година, со голем симфониски оркестар

Една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, легендарниот Здравко Чолиќ, се враќа во Скопје по 6 години. Во Арената Борис Трајковски ќе настапи во придружба на дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад.

Поради форматот на овој концерт, арената „Борис Трајковски“ на 18 март ќе биде исполнета исклучиво со места за седење и ќе биде намален максималниот капацитет, а тоа е дополнителен апел за публиката навреме да ги обезбеди своите влезници.


Чолиќ пред македонската публика ќе испее бројни хитови од сите фази на неговата кариера. Претходно, Здравко Чолиќ ваков вид на концерти со поддршка од симфониски оркестар, одржа во Љубљана, Бања Лука, Пула, Ријека и во Загреб. Популарноста на Чолиќ трае веќе пет децении.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни