Здрави семки од овошјето кои може да се јадат

Повеќето семки од овошјето не носат сериозна опасност по здравјето, а тоа дека предизвикуваат воспаление на слепото црево е чист мит, кој нема врска со вистината. Но, како што велат мудрите луѓе: сѐ е отров и сѐ е лек, а и едното и другото ги одредува дозата.

Не е секогаш пријатно да се крцкаат семките од грозјето, но нивната горчлива нота зборува за тоа дека се полни со флавоноиди. Тие ја забрзуваат синтезата на протеинот колаген – основа на сите сврзувачки ткива во кожата, коските, ’рскавиците и зглобовите. Овие семки исто така содржат антиоксиданти, кои ги исфрлаат плакот и токсините од организмот, а имаат и антиканцерогено дејство. Семките од грозјето би требало внимателно да се изџвакаат, инаку нема да се сварат во гастроинтестиналниот тракт. Истиот совет важи и за семките од лубеницата.

Семките од јаболката и од крушите содржат многу биолошки активни супстанции (јод, калиум). Во составот на семките од јаболката постои реткиот но важен витамин Б17 (летрил). Тој го спречува ширењето на клетките на ракот и го намалува заморувањето на организмот.

Значи, доколку овошјето сте го јаделе сосе семките, продолжете да правите така. А ако не сте го јаделе така и не сакате баш многу, нема да изгубите ништо.

Извор: lepotaizdravje.rs

Најново

Последни колумни