Зајдицонце во МСУ

Не пропуштајте вечер исполнета со архитектура, уметност, архиви и музика – на зајдисонце во МСУ.

Во четврток на зајдисонце, точно во 17:00 часот, Музејот на современа уметност организира „МСУ водич” со кустосот Бојана Јанева која ќе ги прошета посетителите низ трите новоотворени изложби во музејот: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“; „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“, архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А.

По ова следува музички избор на Марсо со почеток 18:00 часот.

Ретроспективна изложба: „Живко Поповски – Живот посветен на архитектурата“.

Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја. Оваа ретроспективна изложба е прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски. Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија како проект од национално значење за 2025 година. Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија, компанијата КНАУФ. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Изложба: „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта.“

Архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова. Изложбата е обид да поттикне размислување дека секоја колекција можеби е, би можела да биде, како што секогаш е – бесконечна. Како што и секое отсуство, изоставање и бришење во рамките на една колекција не е ништо друго туку поинакво присуство. Изложбата е поддржана од Државниот архив на Република Северна Македонија, Кинотеката на Република Северна Македонија, Националната академија за дизајн, САД. Изложбата е соработка помеѓу Музејот на современата уметност – Скопје, Министерство за култура и туризам на РС Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави во РС Македонија. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Самостојна изложба на Џем А.: „Музеј отворен до понатамошно известување“.

Куратори: Јованка Попова и Никола Узуновски. Изложбата „Музеј отворен до понатамошно известување“ го разгледува музејот како институција што истовремено сака да биде достапна, инклузивна и современа, но и како место обременето со хиерархии, правила и ограничувања. Изложбата е финансиски поддржана од Фондацијата Саха и Министерството за култура и туризам на РС Македонија. Пријател на МСУ – Скопје е Еуролинк осигурување и Тивеш.

Не пропуштајте вечер исполнета со архитектура, уметност, архиви и музика – на зајдисонце во МСУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни