На 17 јули 2025г. (четврток), во Europe House Skopje ќе се одржи настанот: Завршна конференција за превенција и заштита од родово базирано насилство: Заедно со жените и девојки Ромки кон институционални промени
Оваа конференција е завршен настан на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“, којшто Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ го имплементираше периодот 2022-2025, а е финансиски поддржан од UN Trust Fund.
На конференцијата ќе се обратат претставници од релевантни институции, тела и граѓански организации како едни од клучните чинители во креирање политики и давање поддршка за заштита и превенција на родово базирано и семејно насилство, и дискриминација врз жени и девојки. Воедно, ќе бидат презентирани проектните резултати и достигнувања на Центарот за поддршка на жени и девојки во ризик и жртви на родово базирано и семејно насилство „НАНА“ – прв Советодавен центар достапен на ромски јазик. На настанот исто така ќе се објави и презентира Извештај од спроведен мониторинг на имплементацијата на ЦЕДАВ и Истанбулска конвенција со главен осврт на жените и девојки Ромки, кој е подготвен од страна на неформалната Мрежа за ромски женски права.
Вашето присуство може да го потврдите на luludi_sk@yahoo.com, razmluludi@gmail.com, или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/t43yPsR7iiGxAKRo9