Вечерва со почеток во 19:00 часот, во НУ Дом на култура „Кочо Рацин“- Скопје, во големата сала-сутерен, ќе биде отворена деветнаесеттата завршна изложба на дела изработени од членови на ликовното студио „Арс вивенди“, под менторство на академскиот сликар и ликовен педагог м-р Тони Шулајковски и ќе бидат доделени дипломи за учебната 2023/2024 година.
Во ликовното студиото „Арс вивенди“ се изучуваат и се работи со повеќе техники коишто им овозможуваат на членовите на студиото да се изразуваат креативно.
Оваа година на завршната изложба ќе бидат изложени дела работени во техниките: гваж, акварел, темпера, акрил на платно, цртеж со молив, фломастери, дрвени боички, јаглен и пастел.
„Насочи го сопствениот потенцијал во вистински правец“ е мото на студиото коешто деветнаесет години им го покажува правецот на членовите на ова ликовно студио во ликовниот свет.
м-р Тони Шулајковски – академски сликар и ликовен педагог кој е роден е 1969 година во Скопје. Дипломирал на факултетот за Ликовни уметности – Скопје, Педагошки оддел насока сликарство во класата на проф. Ана Темкова во 1992 година.
Член е на ДЛУМ од 1993 година а дд учебна 1996/1997 година до денес работи како ликовен педагог во матичното училиште ООУ „Петар Поп Арсов“, од 2001-2021 и во ООУ „Аврам Писевски“, а од 2021
во ООУ „Војдан Чернодрински“.
Реализирал 56 самостојни, а учествувал на стотина групни изложби и има освоено бројни награди.