Со пораката „битката е добиена, но војната сè уште трае“, студентите кои учествуваа во блокадата се огласија на социјалните мрежи.
Пред зградата на РТС во текот на вчерашниот ден можеше да се забележи сосема поинаква слика од претходните денови – сите транспаренти се отстранети.
Откако беше објавено дека е распишан нов конкурс за членови на Советот на РЕМ, студентите од балконот извикуваа „победа“ и „конкурсот е распишан, РТС е слободен“.
Околу 21:30 часот, поголемиот дел од студентите и граѓаните што дојдоа од различни делови на Србија ја напуштија локацијата пред РТС, а замина и камионот со опремата и работите што ги користеа за време на блокадата.
На заминување, студентите пред влезот на РТС со креда напишаа порака: „Ве гледаме“ – порака упатена до вработените во РТС по завршувањето на блокадата.