Заврши првото отворено квиз првенство на Македонија

Целосен триумф на претставниците на Велика Британија

Минатиот викенд заврши првото Отворено Првенство на Македонија (Macedonian Open 2024)  на кое што учествуваа натпреварувачи од 10 земји на 3 континенти, од Перт и Бризбејн во Австралија, повеќе европски земји па се до Ванкувер во Канада.

Во големата конкуренција целосниот триумф го однесоа претставниците на Велика Британија кои ги освоија сите три места на победничкиот подиум. Првото место го освои европскиот првак од 2019та година Иан Бејли со 130 поени, пред Еван Линч со 128 и квиз легендата, двојниот европски и четирикратен светски првак, Пат Гибсон со 124 поени.

Македонските претставници имаа успешен настап со три Топ 10 пласмани од кои што најуспешен беше актуелниот државен првак Жан Павлов на шестото место.

Натпреварувачката сезона на МКА продолжува претстојниот викенд со двата тематски квиза на тема Спорт и Медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни