Сите три моста во Нови Сад денес беа блокирани за сообраќај. Варадинскиот и Жежељовиот мост се повторно отворени за сообраќај по три часа блокада, додека Мостот на слободата останува под блокада до утре до 15 часот.
Организаторите на блокадата се студентите од Нови Сад, со колегите кои пешки дојдоа од Белград, на овој начин обележуваат три месеци од несреќата на Железничката станица Нови Сад, при што загинаа 15 луѓе. Блокадата на сите три мостови во Нови Сад започна во 15 часот.
Граѓаните на Нови Сад се собраа претходно во 11:52 пред Железничката станица за да оддадат почит на загинатите.
Ивор: Telegraf