Со филмот „KOMA” во режија на Агим Абдула и со доделување на наградите синоќа заврши 14. издание на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА. Во текот на изминатите 14 дена беа прикажани над 44 филмови од сите жанрови и за сите возрасти.
За најдобар долгометражен филм беше прогласен филмот „Сите го викаат Реџо“ на Ибер Деари, филм во кој и актерот Африм Мучај ја доби наградата за најдобра машка улога. Филмот ја понесе и наградата за најдобар млад актер која му припадна на актерот Ледион Мулаки.
Наградата за најдобра женска улога ја доби актерката Греса Паласка во филмот „Капка вода“, а за најдобра млада актерка е прогласена Миа Жиро во филмот „Прво убијте ги децата“.
Во категоријата на кратки филмови, наградата за најдобар филм ја доби филмот „Победа“ на Зулфикар Филандра, а наградата за најдобар анимиран филм ја доби „Без ефект“ од Динко Кумановиќ.
Оваа година фестивалските филмови беа прикажани во просториите во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ и Европската куќа (Europe House), a влезот беше слободен.