Поради високата излезност гласањето морало да се продолжи

Завршија најважните избори во Гренланд: Граѓаните ja поддржаа независностa на островот

Поголемиот дел од жителите на Гренланд поддржуваат независност, но се поделените околу времето кога таа треба да се случи

Опозициската десноцентристичка партија Демократит победи на парламентарните избори во Гренланд, во сенка на ветувањето на претседателот на САД Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата над стратегиски сместениот арктички остров.

Демократит, кој е опишан како „про-бизнис” партија и се залага за бавен пат кон независноста од Данска, освоил 29,9% од гласовите по изборите во вторникот, според новинската агенција Ројтерс, пред опозициската партија Наларек, која се залага за брза независност, со 24,5% откако се пребројани сите гласови.


„Луѓето сакаат промени… Сакаме повеќе работа за финансирање на нашето благосостојба“ – рече Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на Демократит и поранешен министер за индустрија и минерали.

„Не сакаме независност утре, сакаме добра основа“, изјави тој за новинарите.

Нилсен сега ќе добие шанса да ја формира владеачката коалиција преку разговори со другите партии. Владеачката партија на Гренланд, Инуит Атакататигит и нејзиниот партнер Сиумут, кои исто така бараат бавен пат кон независност, освоиле вкупно 36% од гласовите, помалку од 2021 година, кога освоија 66,1%.

Гласањето беше продолжено уште за половина час по истекот на рокот во вторникот поради високата излезност на избирачите на неколку од вкупно 72 избирачки места низ островот богат со минерали, а 40.500 луѓе имале право да гласаат.

Откако стапи на функцијата во јануари, Трамп ветил дека ќе го направи Гренланд, полуавтономна територија на Данска, дел од САД, велејќи дека тоа е од витално значење за американските безбедносни интереси. Островот, со популација од само 57.000 луѓе, се наоѓа во геополитичката трка за доминација на Арктикот, каде топењето на ледените капи ги прави неговите богати ресурси на ретки земјени метали по достапни и отвора нови морски рути.

Премиерот на Гренланд, Муте Буруп Егеда, свика избори минатиот месец, велејќи дека територијата треба да биде обединета во текот на “сериозни времиња” кои се различни од сè што Гренланд некогаш доживеал.

Додека Трамп отворено говореше за својата желба да ја контролира Гренланд, и Русија и Кина исто така ги интензивираа воените активности во арктичкиот регион.

Кому припаѓа Гренланд?

Гренланд е поранешна данска колонија и територија од 1953 година. Добиле одредена автономија во 1979 година кога беше формиран неговиот прв парламент, но Копенхаген и понатаму ја контролира надворешната политика, одбраната и монетарната политика и обезбедува економија со нешто помалку од 1 милијарда долари годишно.

Гренланд во 2009 година доби право да прогласи целосна независност преку референдум, но тоа не го направи поради загриженост дека животниот стандард ќе падне без економска поддршка од Данска.

Жули Радемахер, консултант и поранешен советник на владата на Гренланд, рече дека на почетокот изборната кампања се фокусираше на гневот и фрустрацијата насочени кон историските прекршоци на поранешниот колонијален владател Данска.

Поголемиот дел од жителите поддржуваат независност на Гренланд

Новинската агенција Ројтерс разговарала со повеќе од десетина жители на Гренланд во Нуку, од кои сите рекле дека поддржуваат независност, иако многумина изразиле загриженост дека брза транзиција може да ја нанесе штетата на економијата и да ги елиминира социјалните услуги на северните земји како универзално здравствено осигурување и бесплатно школување.

„Не сакаме да бидеме дел од САД по очигледни причини, здравство и Трамп“ – рече Тута Линге-Ларсен, вработен во банка и жител на Нуку, додавајќи дека овие избори биле особено важни.

Анкета во јануари покажала дека поголемиот дел од жителите на Гренланд поддржуваат независност, но се поделени за времето за тоа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни