Зависниците од телефони покажуваат исти симптоми на апстиненција како зависниците од хероин

Сè повеќе луѓе денес не можат да живеат без своите телефони и иако најмногу се зборува за зависноста на младите од екрани и за негативните последици за нив и нивното здравје, истото може да се каже и за бројните сопственици на телефони, без разлика на возраст.


Првата работа што многумина ја направат по будењето и последната што ја прават пред спиење е да го земат телефонот во раце за да ги проверат известувањата од социјалните мрежи, пораки, е-пошта или новостите на страниците. Наместо неколку минути, со телефонот во раце често поминуваат многу повеќе време, заробени во кругот на скролање по објавите на Facebook, Instagram, TikTok и слично

Сè повеќе луѓе денес не можат да живеат без своите телефони и иако најмногу се зборува за зависноста на младите од екрани и за негативните последици за нив и нивното здравје, истото може да се каже и за бројните сопственици на телефони, без разлика на возраст.

А колку сериозна може да биде таа зависност, можеме да видиме по предупредувањето на стручниот за лекување зависности, Ли Фернандес. Тој лечи луѓе кои се зависни не само од дрога и алкохол, туку работи и со зависници од коцкање, видео игри и генерално интернет.

Според неговото искуство, оние кои се обидуваат да се ослободат таа зависноста од телефони покажуваат слични симптоми како и наркоманите кога започнуваат со лекување на зависноста од хероин – држат, тресат се и се потат, пренесува dnevnik.hr.

Тој исто така објасни како начинот на кој се станува зависен од дрога, сличен е на начинот на кој се станува зависен и од телефони. На почетокот, дрогата се употребува повремено и, како што вели Фернандес – рекреативно. Но, со тек на време луѓето стануваат сè повеќе зависни од неа, бараат повеќе и понекогаш, не се ни свесни за тоа, стануваат целосно зависни и не можат да живеат без дрога. Слично е и со телефоните. Некој започнува да ги користи социјалните мрежи за забавување, па прегледува објави од пријателите на Facebook, интересни видеа на TikTok, известувања од LinkedIn и слично.

Со постепено поминување на повеќе време со телефон во рака, односно постојано прегледување на известувањата на екранот, тоа почнува да влијае на нивните животи – од задоцнување на состаноци до проблеми со комуникација со партнерите. Таа зависност полека ги зема луѓето, сè додека не стане голем проблем, објаснува овој стручњак за зависност. Доволно е да се погледне однесувањето на децата кога им се земат телефоните – стануваат лути, нервозни и генерално лошо расположени.
Фернандес ја опиша ситуацијата со еден млад човек кој го обожавал YouTube, но со времето станал толку зависен од тој видео сервис, што дошол до момент кога на YouTube поминувал помеѓу 15 и 17 часа дневно.

За да се намали зависноста од телефони, овој експерт советува различни методи. Размислете што е оној „прекидач“ што постојано ве тера да гледате екрани и социјални мрежи, обидете се првата и последната работа во денот да не биде гледање во екран и наместо да гледате нешта на телефонот, обидете се да правите нешто друго од читање и гледање телевизија до дружење со пријатели, а дефинитивно помага и бришење на социјалните мрежи од телефонот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни