Денеска на Водно се одржува петтото издание на атлетската трка „Водно 10К“, во организација на атлетскиот клуб „Фортиус“, со учество на околу 500 натпреварувачи.
Трката започна во 10 часот од долниот паркинг на Средно Водно, а учесниците ќе трчаат рута од 9,6 километри по регионалниот пат Р2138 до манастирот Св. Пантелејмон и назад. Покрај главната трка, ќе се одржи и штафетна трка.
Поради настанот, оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај од 06:00 до 13:00 часот, а ќе важи и посебен режим со пренасочување на возилата по околните улици.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата на полициските службеници со цел безбедно одвивање на настанот.