На Косово денес се одржаа локални избори за ново раководство во 38 општини. Според податоците на Централната изборна комисија (ЦИК), до 19 часот гласале 39,16% од запишаните избирачи, а највисока излезност е забележана во српските средини.
Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елјези, соопшти дека пребројувањето на гласовите за градоначалници започнува вечерва, додека пребројувањето на гласовите за општински советници ќе почне утре. Право на глас имаа 2.069.000 граѓани.
Излезност по српски општини:
- Зубин Поток: 58,83%
- Звечан: 59,75%
- Ранилуг: 59,40%
- Ново Брдо: 55,54%
- Клокот: 54,22%
- Штрпце: 48,09%
- Грачаница: 46,38%
- Северна Косовска Митровица: 45,84%
- Партеш: 46,90%
- Лепосавиќ: 24,82%
Во најголемата изборна единица, Приштина, излезноста е 46,51%.
Спорови околу Српската листа и медиумите
ЦИК првично ја одби пријавата на Српската листа, но таа беше прифатена по одлука на изборната комисија за жалби и пресуда од Врховниот суд. Независната медиумска комисија во Приштина забрани емитување на предизборниот спот на Српската листа.