Затворени гласачките места, Унгарија го сруши сопствениот рекорд со 77,8 отсто излезност

Гласачките места во Унгарија се затворени. Рекордни 77,8 отсто излезност — највисока во историјата. Први резултати се очекуваат од 20 часот. Европа чека.

Во 19 часот гласачките места во Унгарија официјално се затворија, но не сите одеднаш. Биралиштата каде сè уште имало редици останаа отворени сè додека секој граѓанин кој чекал не го искористил своето право на глас.

Последниот официјален податок за излезност 77,8 отсто значително го надминува претходниот историски рекорд од 73,51 отсто, постигнат во 2002 година. Политичкиот аналитичар Габор Терок проценил дека конечната бројка може да достигне дури 80 отсто. Унгарија гласала со сила какva не ја паметела.

Зошто имало долги редови?

Делумно поради рекордната излезност, но и поради специфичност на унгарскиот изборен закон: гласачите можат да гласаат во друг град, но нивниот глас се брои во местото на живеење. Тоа значело дека илјадници дополнителни гласачи се појавиле на биралишта, особено во Будимпешта, создавајќи дополнителни гужви кон крајот на денот.

Што се знае до сега

Виктор Орбан денес се обидува да обезбеди петта последователна победа на избори. Неговиот ривал Петер Маѓар, кој ја напуштил Орбановата партија во 2024 и ја преземал Тиса вети обнова на односите со ЕУ и НАТО, што во Брисел е дочекано со одобрување. За да стане премиер, Маѓар треба минимум 100 од 199 пратенички места. Двотретинско мнозинство од 133 мандати би му овозможило целосно укинување на Орбановата политика. На денешните избори нема излезни анкети, резултатите ќе се знаат само преку официјалното броење.

ЕУ подготвена за секој сценарио

Зад затворените врати во Брисел, ЕУ тивко се подготвува за сите можни исходи, од продолжување на конфликтот со Орбан до внимателно ресетирање на односите под Маѓар. Орбан долго е „трн во окото” на Брисел, честопати користејќи или заканувајќи со вето на начин кој го загрозува самиот систем однатре. Во март го блокирал претходно договорениот заем од 90 милијарди евра за Украина, поради спор во врска со нафтоводот „Дружба.”

Кога стигнуваат резултатите?

Националната изборна канцеларија ќе почне да ги објавува прелиминарните резултати од 20 часот, со ажурирање на секои десет минути. Обработката на гласовите пристигнати по пошта од странство почнала уште од 19 часот. Конечните резултати по изборни единици се очекуваат најдоцна до следната сабота, а официјалното прогласување до 4 мај.

Историскиот ден заврши. Историскиот резултат, допрва доаѓа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни