Повеќе од три илјади луѓе пријавиле респираторни проблеми по песочната бура која го зафати централниот и јужен Ирак, соопштија официјални лица. Еден од официјалните лица изјави за агенцијата Франс прес (AFP) дека повеќе од 700 луѓе пријавиле загушување.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат области покриени со густа портокалова магла, а локалните медиуми известуваат за престанок на струја и прекин на летови во бројни региони.
Песочните бури се вообичаени за Ирак, но некои експерти веруваат дека стануваат се почести поради климатските промени. Пешаците и полицијата носеле маски за лице за да се заштитат од прашината, а болничарите биле на лице место за да им помогнат на луѓето со тешкотии во дишењето, пренесува AFP.
Повеќе од 250 луѓе биле пренесени во болница во провинцијата Наджаф, а најмалку 322 пациенти, вклучувајќи деца, испратени се во болници во провинцијата Дијава. Додека уште 530 луѓе пријавиле проблеми со дишењето во провинциите Ди Кар и Басра.
Песочната бура ја покри јужната провинција на Ирак со портокалов облак кој ја намали видливоста на помалку од еден километар. Видливоста беше намалена на помалку од еден километар. Властите беа принудени да ги затворат аеродромите во провинциите Наджаф и Басра.
Ирак е на листата на Обединетите нации како една од петте земји кои се најзагрозени од климатски промени, бидејќи се соочува со редовни песочни бури, жештина и недостиг на вода. Во тешка песочна бура во 2022 година, една личност почина, а повеќе од 5.000 луѓе побараа помош поради респираторни заболувања.
Ирак ќе доживува повеќе „дена со прашина“ во иднина, соопшти Министерството за животна средина.