Затворање на ЛОИ 24: Француски бендови, Златниот патник и божицата на победата Ника

Фото: X/@Olympics

Француските бендови Phoenix и Air го затворија Зимските олимписки игри во Париз со научно-фантастичен мизансцен на нивните изведби на Завршната церемонија.

Phoenix изведоа неколку нивни хитови пред да им се приклучи легендарното француско електронско дуо Air за „Playground Love“, песна која беше дел од филмот на режисерката Софија Копола „Девиците самоубијци“. Интересно е да се каже дека фронтменот на Phoenix, Томас Марс, е во брак со Копола од 2011 година.

Уметничкиот директор Томас Џоли ја планираше церемонијата како дистописка иднина во која Олимписките игри престанале, се додека не бидат родени повторно по пристигнувањето на мистериозниот Златен патник. Златниот патник, кој блескаше, изведуваше акробатски вештини додека го спуштаа во арената за време на светлосното шоу.

Ника, грчката божица на победата, беше прикажана од група акробати кои исто така висеа над гледачите. Додека акробатите изведуваа разни движења, олимписките прстени беа подигнатои во овздухот симболизирајќи го препородот на Олимпписките игри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни