Канадскиот кантавтор во неделата вечерта стана жртва на истекување на отпадни води во градот Перт, Западна Австралија, „поради ризикот од прелевање на отпадни води во тоалетите на местото на концертот“, соопшти локалното водоводно претпријатие.
„Нашите тимови работат на отстранување на голема блокада од маснотии“, се вели во соопштението на компанијата пред концертот, но потоа објави дека блокадата „не може лесно да се поправи“ и дека организаторот донел „исклучително тешка одлука да го откаже концертот на Брајан Адамс“.
„Се разгледуваа алтернативни мерки, вклучително и користење на цистерни, но количината на отпадна вода што би ја произведувала публика од 16.000 луѓе во салата се сметала за преголема. Секако дека го разбираме разочарувањето и фрустрацијата на луѓето“, се нагласува во соопштението.
Промоторот на концертот Frontier Touring рече дека откажувањето на концертот е „разочарувачки“, но надвор од контрола на Адамс и дека парите платени за билетите автоматски ќе бидат вратени.