Легендарната слепа бајачка Баба Ванѓа, наводно, открила дека 2025 година ќе биде почеток на крајот. Годинава, според неа, ќе започне нашето уништување со конфликт во Европа којшто ќе го уништи населението на континентот и ќе биде почеток на настани коишто на крајот ќе кулминираат со наша пропаст.
Нејзиното предвидување за 2025 година, го отсликува она на легендарниот гледач Нострадамус, кој исто така предвиде војна во Европа оваа година.
Еве ги предвидувањата на познатата Баба Ванѓа за 2025 година, кои се разбира дека треба да ги земете со резерва.
Разорна војна во Европа
Настанот што ќе предизвика смрт на човештвото ќе биде неодреден конфликт во Европа кој ќе го десеткува населението на континентот.
Природни катастрофи
2025 година се очекува да биде сведок на катастрофални природни настани, вклучително и ерупција на заспани вулкани. Огромните поплави, исто така, ќе направат хаос, а пророштвото конкретно спомена земјотрес долж западниот брег на САД. Овие настани ќе резултираат со загуба на животи, како и со масовно раселување.
Научни откритија
Бидејќи не може се да биде катастрофално, Баба Ванѓа исто така предвидела дека научниците ќе направат пробив кога станува збор за органите кои се одгледуваат во лабораторија, што ќе направи револуција во трансплантацијата. Дополнително, таа очекуваше напредок во лекувањето на ракот во 2025 година – можеби дури и лек.
Инаку, многу од предвидувањата на Баба Ванѓа се остварија долго по нејзината смрт. На пример, се вели дека таа ја претскажала смртта на принцезата Дијана, потонувањето на руската подморница Курск и терористичките напади на 11 септември. Таа дури, наводно, ја предвидела и сопствената смрт на 11 август 1996 година на 85-годишна возраст.