Филип Тосевски е државен секретар во Министерство за надворешни работи на Северна Македонија. Има 41 година и живее во Скопје. Неговите соништа ги посветува на државата и младите, а сака да се смее на откачени ситуации со позитивни луѓе.
„Сонувам за европска Македонија, држава со позитивна енергија и оптимизам меѓу граѓаните во која младите ќе бидат проактивни и позитивни кон градење на заедничка иднина со нови бројни перспективи за сите. А она што ме смее се добрите вицови и шеги во добро друштво, но и непредвидени и откачени ситуации кои продуцираат заразно смеење и позитивна енергија.“- одговори Филип на прашањата на „Насмевни се“.