Српските власти на пеколни горештини ги тргнаа контејнерите од улиците – граѓаните одговорија на оригинален начин

Граѓаните своето ѓубре започнаа да го оставаат пред просториите на владејачката партија Српска Напредна Странка

Трет ден граѓаните на Белград, Нови Сад и други српски градови во знак на протест блокираат фреквентни сообраќајници.

Откако првиот ден, тие меѓу другото користеа и контејнери за да постават блокади, сепак одредени комунални претпријатија особено во Белград и Нови Сад, почнаа да ги тргаат надземните контејнери од главните улици и булевари.

Таквата пракса почна вчера наутро во Белград, а продолжи и во Нови Сад, каде тамошното комунално претпријатие порача дека контејнерите се тргнати за да се унапреди квалитетот на хигиената (?).

Тоа дополнително ги разлути граѓаните и студентите во блокада па тие најдоа алтернативен начин на одлагање отпад.

Имено, тие своето ѓубре започнаа да го оставаат пред просториите на владејачката партија Српска Напредна Странка.

Иако акцијата започнала со индивидуално оставање на ќеси со ѓубре, набрзо прераснала во масовна акција, каде пред штабовите се истураат и цели канти со отпад.

Истовремено, и за денеска се планирани бројни блокади на значајни крстосници во повеќе српски градови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни