Запросувачка во Санторини прекината од неочекувани гости – сега парот ги бара

Кевин Ариета го испланирал секој детал од запросувањето на неговата девојка Натали

Сè водело кон магичен момент на еден од најромантичните острови во светот, Санторини. Сончев залез, поглед кон бескрајното Егејско Море и прстенот што ја симболизира нивната љубов. Но, токму кога тој клекнал на колено, камерата фатила нешто што никој не го очекувал – пар туристи кои случајно се нашле во кадар и несвесно „го украле“ моментот.

Наместо разочараност, оваа неочекувана случка им донела насмевка на лицата. Кевин и Натали, сега верени, решиле да ја споделат снимката со светот и преку интервју за ABC со водителот Дејвид Миур, објавиле дека сакаат да ги пронајдат токму тие двајца, мажот и жената што, без да знаат, станале дел од нивната љубовна приказна.

„Ова е момент што ќе го раскажуваме на нашите деца. Беше совршено… дури и со фотобомбата“, вели Натали со насмевка.

Парот се надева дека преку моќта на социјалните мрежи ќе дојдат до „непоканетите гости“ и ќе можат да им се заблагодарат што нивниот момент го направиле уште поубав со спонтана човечност.

„Ако се препознаете на видеото, ве бараме! Сакаме да ви се заблагодариме и да ве поканиме на нашата свадба“, додава Кевин.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни