Запознајте ја жири комисијата за фото конкурсот на МЕД календарот 2024

Запознајте ја жири комисијата за фото конкурсот на МЕД календарот 2025

Со завршување на годинешниот фото конкурс на Македонското еколошко друштво, нивната жири комисија ќе биде пред предизвикот да ги избере најдобрите фотографии од сите прекрасни пријави. Жирито оваа година го сочинуваат тројца експерти од различни области на биологијата и екологијата:

  • Љиљана Томовиќ – Професорка на Факултетот по биологија во Белград, специјализирана во херпетологија, со 18-годишно искуство во истражување на шумската желка, поскокот и рибарката на островот Голем Град во Преспанското Езеро.
  • Драган Арсовски – Координатор во МЕД, посветен на истражувања и заштита на влечугите и водоземците во Македонија. Неговата соработка со Томовиќ трае од 2009 година.
  • Славе Накев – Орнитолог и ентузијаст за фотографирање на дивиот свет. Од 2017 година работи во МЕД на мониторинг и заштита на птиците, и годинава ќе биде дел од жирито.

Нивната задача ќе биде да ги селектираат најубавите и највпечатливите фотографии кои ќе го красат календарот на МЕД за 2025 година!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни